Селекторот на Летонија: Македонија има добри индивидуалци, ама нема добар тим!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе ѝ гостува на Летонија (18 часот) во меч од 3. коло од групата Ц4 во Лигата на нации, во кој ќе брка победа со која би го задржила првото место на табелата.

Жолто-црвените оптимистички го очекуваат дуелот во Рига, но и противникот смета дека има шанси против нашата селекција.

„Нѐ очекува дуел со силен противник, кој ја победи Ерменија. Македонците имаат квалитетни индивидуалци со несомнен талент, поголем дел од нив имаат искуство од силни првенства, но мислам дека има недостига малку повеќе заедништво. Тие се силни индивидуално, но можеби и не толку како тим“, изјави летонскиот селектор, Паоло Николато.

Македонија по две рунди е лидер со четири бода, еден повеќе од Ерменија и Летонија, додека последно пласирани се Фарски острови со еден бод.