Шок во Пекинг: Сабаленка елиминирана од 49. на ВТА листата

Арина Сабаленка направи голем чекор назад во борбата за првото место на ВТА листата откако денеска доживеа пораз од Каролина Мучова во четвртфиналето од Мастерсот во Пекинг.

Мучова е 49. светска тенисерка во моментов, но не се исплаши од славната противничка и ја победи со 2-1 во сетови, во меч кој траеше 2 часа и 48 минути. Првиот сет го доби во тајбрејк, вториот го загуби со 2-6, во третиот два пати беше во негатива со загубен брејк (0-2 и 2-4), но со четири гема по ред успеа да се врати и да дојде до победата.

Сабаленка имаше голема шанса да стигне на само 300 бода разлика во однос на Швјонтек, но сега разликата меѓу нив е над 1.000 бода и тешко дека ќе успее да ја претекне до крајот на сезоната до која има уште само еден месец. Мучова во полуфиналето ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Андреева и Женг кој е н а програмата во моментов.