Чурлинов скромен по голот за победа: Не сум само јас херој

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов вчера беше херој на Јагелонија за која постигна гол за победа во 97. минута против Копенхаген.

Јагелонија успеа резултатот да го сврти со два гола во второто полувреме, а токму вториот беше дело на македонскиот репрезентативец.

Тој гол донесе големо славје, но по натпреварот Македонецот остана скромен и истакна дека заслугите се на целиот тим.

„Не сум херој само јас, целиот тим е заслужен за оваа победа. Покажавме дека можеме да се вратиме и против најдобрите, заслужуваме да сме тука“, изјави Чурлинов.