Пет години го чекаа и го дочекаа: Кинезите побудалеа по Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се враќа на АТП турнирите, по УС Опен и по пауза од пет години повторно ќе настапи на Мастерсот во Шангај.

Тоа е една од ретките можности да заработи бодови пред крајот на сезоната, но и да се избори за место на завршниот Мастерс во Торино. Сепак, за него многу поважно е тоа што повторно ќе игра пред своите големи фанови бидејќи во Кина има огромна база навивачи. Тоа можеше да се забележи и при еден од тренинзите на Ѓоковиќ во арената каде ќе се одржува турнирот, а каде беа присутни неколку стотици симпатизери на Србинот.

Од трибините константно се слушање викање и скандирање по Ѓоковиќ, а откако заврши, четвртиот светски тенисер го чекаше повеќеминутно потпишување топчиња и други реквизити на присутните.