Димитријевиќ најдобар асистент во изненадувачкиот пораз на Олимпија

По освоениот трофеј во Суперкупот на Италија, екипата на Олимпија Милано на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше изненадена на гости кај Трст со пораз од 84-78.

Клучен период во поразот на фаворитот беше вториот период кој домаќините ги добија со 26-18. Олимпија беше подобра во првата и четвртата четвртина, но тесно го загуби и третиот период со 17-12.

Димитријевиќ на овој натпревар не блескаше кога се поените во прашање и постигна само два, но запиша седум асистенции со кои беше најдобар во тој сегмент во својот тим.
Миротиќ и Ледеј постигнаа по 18 поени за гостите, додека во победничкиот табор најдобар беше Рос со 22.