Еден од најважните фудбалери на Ливерпул одбил нов договор, ситуацијата ја следи Реал Мадрид

Договорот на Трент Александер Арнолд истекува на крајот од сезоната, а навивачите се загрижени бидејќи се уште нема најави за негово продолжување.

Првичните преговори според информациите на островските медиуми биле неуспешни. Арнолд е еден од најважните во тимот на Арне Слот и Ливерпул сака да го задржи, но се споменува и дека Реал Мадрид покажал интерес.

Наводно, Реал Мадрид преку агентот на Арнолд го информирал дека ако се одлучи да премине во Мадрид ќе има стандардно место во тимот.

Ако не дојде до продолжување на договорот во меѓувреме, Арнолд во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.