Халанд е лига за себе - има повеќе голови од сите екипи во англиското првенство

Ерлинг Халанд и денеска потврди дека се наоѓа во фантастична форма на почетокот од новата сезона, постигнувајќи ги двата гола во победата на Манчестер Сити против Брентфорд со 2-1.

Со тоа, норвешкиот ас стигна до девет гола оваа сезона во Премиер лигата, а со тоа и до еден интересен податок кој тешко дека ќе биде достигнат од некој друг фудбалер. Халанд сега има повеќе голови од сите останати 19 екипи во Премиер лигата, по неполни четири кола. Најблиску до него се Челси и Ливерпул со седум гола со тоа што „црвените“ веќе го одиграа својот натпревар од четвртото коло, а лондонскиот тим денеска гостува кај Борнмут.

За да го стигне Халанд, Челси вечерва мора барем два пати да ја затресе противничката мрежа, но мора да се стигне дека шест од седумте гола досега „сините“ постигнаа на еден меч, во победата против Вулверхемптон со 6-2.