Тебого: Не можам да бидам лице на атлетиката, не сум арогантен како Лајлс! (ВИДЕО)
Лајлс кој победи на трката на 100 метри, беше голем фаворит и за златото на 200 метри, но Тебого од Боцвана го совлада Американецот и ја заврши трката како прв со фантастично време.
По трката Тебого беше прашан дали ќе цели на урување на светски рекорди, тој одлучи да го пецне Лајлс кој пред трката велеше дека сигурно ќе победи.
„Не можам да бидам лице на атлетиката бидејќи не сум арогантен и гласен како Ноа Лајлс“, рече Тебого.
По трката беше соопштено дека Лајлс трчал заразен со ковид, по што беше пренесен и во болница.