САД доби засилување: Дурант ќе игра на Олимписките игри

Американскиот кошаркар Кевин Дурант се врати на тренингот на САД и почна со подготовки за Олимписките игри во Париз.

Дурант беше повреден од 6 јули и поради тоа пропушти три меча на неговиот тим, но две недели подоцна е подготвен за предизвиците кои доаѓаат.

„Напредувам секој ден. Мора да ја следам ситуацијата, но се чувствувам добро“, кажа Дурант.

САД е во групата Ц заедно со Србија, Порторико и Јужен Судан.