Јокиќ ќе се соочи со Адетокумпо пред Олимписките игри
Медиумите од регионот пишуваат дека дуелот е закажан за следниот понеделник, но сè уште нема официјална потврда од репрезентациите.
Во календарот на Србија последна проверка е мечот против Јапонија на 21 јули, а сигурно пресметка со Грција ќе биде вистински тест за капацитетот пред настапот на игрите.
Грција во Париз ќе игра во групата А со Канада, Австралија и Шпанија, додека Србија е во групата Ц со Јужен Судан, САД и Порторико.