Барселона го надигра Алборг и го крена 12. пехар во ЛШ
Каталонскиот гигант имаше предност речиси во текот на целото прво полувреме, освен во финишот кога Алборг направи пресврт и поведе со 15-14, меѓутоа Барселона го возврати ударот и израмни на 15-15.
Барселона водеше и во вториот дел, иако Алборг неколку пати успеа да израмни, меѓутоа немаше сила за пресврт, па трофејот повторно заврши во Каталонија (31-30).
Ричардсон со осум голови беше најефикасен во победничката екипа, додека Хансе постигна исто толку за Алборг.
Натпреварот беше историски и за македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ја делеа правдата во финалето на ЛШ.