Кикбокс спектаклот во Скопје почна со убедлива победа на Марија Димовска
Во пресрет на овој меч има уште седум борби, а првата од нив беше меѓу нашата натпреварувачка Марија Димовска и Марија Обрадовиќ од Србија, во категоријата до 62 килограми лоу кик постари јуниори. Победи Димовска на поени, со 3-0 иако во текот на борбата ја испрати противничката во нокдаун.
Од македонските натпреварувачи, пред главната борба, во рингот ќе се појават уште Силвио Мировски, Викторија Варадинова, Узеир Нелсон, Максим Митровски и Димитар Ѓоргиев.