Лазаров: Хансен правеше ракометот да изгледа едноставен - а тоа не е лесно!
За одлуката на Хансен зборуваше и поранешниот македонски ракометар и актуелен селектор на Македонија, Кире Лазаров кој кажа дека бил изненаден по веста дека данскиот играч ќе замине во пензија.
„Изненаден бев од веста дека Хансен ќе ја заврши кариерата ова лето. Не очекував да замине толку рано и да ја заврши фантастичната кариера. Според мене, тој сè уште игра на високо ниво во клубот и репрезентацијата. Микел е неверојатен ракометар и еден од најдобрите во историјата. Хансен правеше ракометот да изгледа едноставно, а тоа не е лесно. Неговиот стил на игра, голови и додавања се нешто што ќе му недостигаат на ракометот во иднина. Има многу млади ракометари, но Микел беше уникатен“, кажа Лазаров.