Бурлески во Бразил: Ваков скеч не би им текнал ниту на Цацко, Тошо и Миле Паника (ВИДЕО)
Фудбалерите неретко измислуваат повреда за да може лекарскиот тим да влезе на теренот и со тоа да се добие во време во ситуација кога им одговара резултатот, па нешто слично беше видено на мечот меѓу Флуминенсе и Ботафого во Бразил, на играч на Ботафого падна на тревата зад голот во судиското надополнување кога водеа со 3-2. Тој не забележа дека е надвор од теренот, поради што доби „асистенција“ од соиграч, кој го фати за рака и го повлече во рамки на игралиштето.
На ваквото мамење реагираше голманот на Флуминенсе, кој го фати „повредениот“ за нозете и повторно го извади од теренот, по што еден од резервните играчи на Ботафого влета и го врати играчот на теренот, па настана метеж и натпреварот беше прекинат. Ботафого до крајот постигна уште еден гол и победи со 4-2, но средбата, сепак, ќе биде запаметена по оваа смешна ситуација, која личеше на скеч кој би им текнал само на главните јунаци од емисијата К-15.