![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2023/12/15/195973-lazarov-gi-odbra-junacite-so-koi-kje-gi-pochne-podgotovkite-za-ep-2024-foto.jpg?itok=ekSYkTjA)
Лазаров објави список за пријателските со Грција: 22 играчи плус осум!
На списокот има 22 ракометари, а меѓу нив двајца повратници, Емилијан Ѓорговски од Пелистер на левата бековска позиција и Никола Костески, како замена за пензионираниот Гоце Георгиевски и како партнер на својот брат Ненад на десната крилна позиција.
Останатите меѓу 22-та се исти од минатиот, априлски собир, со тоа што има дури четири десни бека и четири пикери. Интересно е тоа што овој пат Лазаров има наведено дури осум резерви: Иван Галевски како голман, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ, Горан Крстевски и Мирче Калајџиески на левата и средна бековска позиција, Михаил Аларов и Кристијан Анастасовски како пивоти и Томче Стојановски кој би бил користен како дефанзивец.
Собирот е закажан за 30 октомври, во 13 часот во Александар Палас, а натпреварите со Грција се на 3 и 4 ноември. Овие контроли ќе бидат и своевиден вовед во подготовките за ЕП 2024, во Германија, кои ќе почнат некаде по 20 декември.