
„Ракометна" Битола на новинар од МТВ му порача - вагино скопска! (ФОТО)
Во првиот ред од трибините во „Боро Чурлевски“, веднаш до теренот се забележа транспарент со невкусна и навредлива содржина наменета за новинарот и коментатор од МТВ, Југослав Костовски.
„Југо К. вагино скопска“, пишуваше на бесрамниот транспарент.
Иронично, овој бескрупулозен и инфантилен гест се јави неколку часа откако управата на Пелистер апелира за достоинствено навивање, без недолични реакции. Меѓутоа, паролата го преживеа цел натпревар, без некој од клубот да реагира или кој било од присутните во Битола да побараат да биде симната.
Ако се водиме по моралното начело дека „грешник е и тој што свесно премолчува грев“, тогаш дали оваа порака е мислење и на раководните луѓе на битолскиот тим? Дали можеби тие сметаат дека имаат право да кренат рака на новинарската тастатура и новинарскиот микрофон, па по свои тертипи да решаваат кој е добар, а кој заслужува јавен линч?
Навивачите секогаш се бунтуваат ако немаат поддршка каква што замислиле, но зарем да ги ставиме на гилотина тие што не размислуваат истo како нив?!