
Пелистер кон навивачите: Не реагирајте на однапред смислени сценарија!
Во соопштението, Пелистер побара да не се реагира на провокации и однапред смислени сценарија и да покажат како се организира дерби во Битола.
„Во пресрет на денешниот првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Пелистер и РК Вардар 1961, апелираме и ве замолуваме сите кои ќе бидете денес во спортската сала „Боро Чурлевски“, со своето фер и коректно спортско навивање и бодрење на својот тим да придонесете натпреварот да се одигра во спортска и фер атмосфера и уште еднаш да докажеме дека нашата сала и нашиот град со право го носат епитетот храм на ракометот. Во име на клубот, упатуваме апел и замолуваме да не се реагира недостојно на евентуални провокации (да се надеваме дека ќе ги нема) и однапред смислени можни сценарија. Како клуб ги превзедовме сите организациони мерки за квалитетно и непречено одигрување на натпреварот. Денес ние сите заедно (играчи, стручен штаб, управа и навивачи) на терен треба да покажеме кој е македонскиот ракометен шампион и која е најдобрата публика на светот. Затоа ајде сите заедно, спортски, фер и коректно да издвојуваме една голема победа на нашиот клуб“, апелираа од битолскиот клуб.