Митровски сезоната во Хрватска ја отвори со феноменален гол од – слободен удар (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец, Димитар Митровски, го постигна првиот гол во дресот на Вараждин во новата сезона, откако беше еден од стрелците во синоќешното реми на овој тим против Славен Белупо (2-2).

Македонецот уште во петтата минута испрати феноменален удар од слободен удар, со кој го измами противничкиот голман со оглед што наместо живиот ѕид шутираше во неговата страна.

Ова е втор гол вкупно за Митровски во дресот на хрватскиот прволигаш, каде што заврши во јануари годинава и тоа од таборот на Академија Пандев (сегашна Брера Струмица).