Хаос во Чаир: Нападнати се бугарски навивачи! (ВИДЕО)

Се случил инцидент во скопската населба Чаир, во кој биле вклучени бугарски навивачи, дојдени за мечот меѓу Шкупи и Левски Софија, кој ќе почне вечерва од 21 часот, на арената „Тодор Проески“.

Телевизија „Клан“ објави видео на кое се гледа како локалните жители на Чаир фрлаат канти за ѓубре и удираат по автомобили во кои биле бугарски навивачи.

Не е познато што претходело на овој инцидент и како се развил, но дека ќе има судири меѓу бугарските навивачи со локалците од Скопје беше јасно и очекувано. Затоа центарот на градот е во засилена контрола од полициски службеници, а особено околу националната арена.

Атмосферата за подгреваше и над дозволеното уште пред мечот, со недолични коментари и најави по социјалните мрежи, како на пример плановите за палење на македонското и албанското знаме, за време на вечерашниот меч. Клупски дуел од соседски држави секогаш носи услови за ривалството да излие и надвор од трибините, но во случајов тоа е повеќекратно засилено поради политичките конфилкти меѓу Македонија и Бугарија, па нетрпеливоста полесно може да ескалира.