Навивачите на Левски ќе го палат македонското знаме на Арената во Скопје!?
Средбата ќе се одигра на „Тодор Проески“ во Скопје, каде што се очекува да има најмалку 1.000 навивачи на гостинскиот тим и тоа од кругот на најагресивните и највоинтвените, кои веќе почнаа да се закануваат преку социјалните мрежи. Најголем впечаток остави најавата за палење на македонско и албанско знаме на трибините на скопската арена, што дефинитивно може да предизвика (по)голем инцидент не само помеѓу двете групи туку и со полицијата.
Според правилата на УЕФА, екипата на Левски доби 1.600 билети за своите навивачи, кои се очекуваат да бидат распродадени до последен. Бугарите истовремено испратија жалба до европската Куќа на фудбалот за големата разлика во цената на билетите за домашните и гостински фанови. За навивачите на Шкупи влезот изнесува 150 и 200 денари, додека за Бугарите 1.200 денари, што предизвика револт кај управата на Левски.