Сабаленка без честитка од противничката до пласман во полуфиналето на „Ролан Гарос“!
Победничката по последниот освоен поен традиционално се упати кон мрежата во исчекување на поздравување и честиткиа од противничката, која, пак, студено само се поздрави со судијата, па се упати кон клупата, а потоа и во соблекувалната. Причина за ова е веќе традиционалното одбивање на украинските тенисерки да се ракуваат со противнички од Русија и Белорусија, во знак на простест на агресијата на овие две држави врз нивната татковина.
Сабаленка во борбата за место во финалето ќе се сретне со чешката тенисерка Каролина Мухова, која претходно денеска беше подобра од Анастасија Павличенко (7-5, 6-2). Утре се играат преостанатите две четвртфинални пресметки во кои Швојнтек ќе се судри со Гоф, а Хадад Маиа ќе ја предизвика Џабер.