Нејмар до Кутињо: Среќен сум за тебе брат!
Двајцата Бразилци долго време се блиски пријатели уште кога играа за младите селекции на „кариоките“. Моментално двајцата се најскапите фудбалери во светот, а меѓу нив идното лето ќе застане Килијан Мбапе, откако ќе го комплетира трансферот од Монако во ПСЖ.
Нејмар денеска на својот „Инстаграм“ му честиташе на Кутињо за трансферот во Барселона.
„Многу сум среќен за тебе брат. Ти го посакувам целиот успех на светот. Сигурен сум дека ќе бидеш среќен“, напиша ѕвездата на ПСЖ, но на крајот не издржа, а да не го „чепне“ малку својот другар.
„Се прашувам... дали оваа фризура е модерна?“, заврши Нејмар.