Воска - Вардар ќе биде приватна забава, домаќините се исплашиле од Комити!

Дербито за прво место во Втората лига во недела во Охрид помеѓу Воска Спорт и Вардар ќе се игра без публика, објави охридскиот второлигаш со образложение од „безбедносни причини“ откако локалната полиција одредила дека мечот е од висок ризик.

Иако во целиот свет фудбалот се игра за гледачите, само во Македонија може дерби меч да се игра со забрана за присуство на публика, па така Воска решила за ги затвори капиите на стадионот и да пушти само по десетмина претставници од клубот покрај официјалните лица, фудбалери, струшен штаб...

Одлуката на Воска доаѓа откако прво објавија дека забрануваат гостување на најверните навивачи на Вардар, Комити, но црвено-црната навивачка армија одговори со најава за инвазија на Охрид, па вечерва охридскиот клуб реши да си направи приватна забава на стадионот „Билјанини Извори“.

Воска има три бода предност пред Вардар во пресрет на неделното дерби во второлигашката конкуренција.