„На Далиќ треба да му се симне капа, а кога сите го слушаат Модриќ – еве до каде стигна Хрватска!“

Најуспешниот македонски селектор во историјата Игор Ангеловски, човекот под чија палка ланското лето Македонија првпат играше на едно големо натпреварување, Еуро 2020 е ваш и наш стручен коментатор за Светското првенство во Катар и ги анализира збиднувањата на најголемито фудбалски фестивал. Ангеловски беше македонски селектор цели пет ипол години и од Хрватска посебно ќе ја долови атмосферата кај актуелните светски вицешампиони.

Според сè прикажано на ова Светско првенство, четирите најдобри (Хрватска, Аргентина, Франција и Мароко) заслужено останаа, со начинот и севкупно како го одиграа ова првенство, се најдоа во полуфинале.

Хрватска е доказ дека е велесила, зашто секогаш е потешко да повториш еден успех, а дефинитивно сите очи на светскиот фудбал се вперени кон нив и сите комплименти одат кон нив, што не е мала работа, зашто се светско чудо со две полуфиналиња по ред. Кога еден Дидие Дешан, селекторот на Франција ќе рече дека второ полуфинале полуфинале по ред е огромен успех, зашто и една Франција вторпат по ред е во полуфинале, сè добива повеќе на тежина зашто колкав е бројот на жители во Франција, коклку професионално регистрирани фудбалери имаат..., а Хрватска е земја со четири милиони популација. И тоа што го кажа Мамиќ дека тоа што беше Бразил, сега е Хрватска е – потполно точно!

Што да се каже за атмосферата? Потполна еуфорија во Хрватска! Сите го гледаат мечот, школите немаат настава, кола нема по улица, сите се по ресторани, кафулиња, плоштади... Неколкупати кажав дека Хрватите имаат огромна почит кон својата држава и кон репрезентацијата и задоволство е да сте дел од таква атмосфера, да се гледаат мечевите. Сè е подредено на хрватската репрезентација, сите се надеваат дека ќе дојдат и до финале и до златото. А, како и да завршат мечевите, Хрватска уште сега е победник. Оваа Хрватска има победнички менталитет и сите изјави од Далиќ, Модриќ и останатите се дека не планираат да застанат тука. На крајот на краиштата, никој не може да им го одземе тоа право да се надеваат дека можат до светска титула, а јас кажав уште на почетокот дека сакам да дојдат до финале.

Каде е силата на Хрватска? Во заедништвото, во тоа што се семејство. Се знае дека Лука Модриќ е лидер, иако во соблекувална е еднаков меѓу еднаквите, сепак го има главниот збор, но тоа што јас многупатии сум го кажувал, дека кога еден Бекенбауер, Пандев зборуваат – сите треба да молчат. Е, слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска. Има пет титули со Реал во Лига на шампиони, Брозовиќ во Интер и е еден од најдбрите последни играчи за врска, Ковачиќ беше во Реал сега во Челси, Перишиќ беше во Интер сега во Тотнем, Гвардиол е одличен, Јурановиќ од Селтик... Можеби не се покриени само во нападот, но добро ја знаат нивната сила и реков претходно во анализите дека играат по „руски рецепт“, нешто што е проверено и што носи резултат. А, на Далиќ треба да му се симне капа, зашто со две полуфиналиња по ред, ретко кој друг селектор може да повтори таков успех.

Во Хрватска стадионите не се идеални, ама затоа терените се – перфектни! Хрватите прво вложија во терени со хибридна подлога, која нуди феноменални услови за игра, направија многу помошни терени за да може многу млади таленти да се развиваат, а величенствен е тој извоз на екстра талентирани играчи. Нормално, локомотива на хрватскиот фудбал е Динамо, од самиот извоз на фудбалери, од настапите константно во Европа, но многу важно е што дел од парите индиректно ги инвестира во другите клубови, купува играчи од Осиек, Горица, па и Хајдук, сè што мисли дека е талентирано. Така индиректно помага, настрана што секој клуб си има своја визија. Еве, Роко Шимиќ од Локомотива замина за три милиони евра во Лајпциг, Динамо за Шпикиќ од Горица плати 1,5 милиони евра. Тоа се суми кои се мисловна именка за нас, а станува збор за просечни клубови. Но, сето ова е една мрежа која функционира и од која резултатите ги има репрезентацијата. Едноставно Хрватите знаат како се прави фудбал.

Динамо низ годиниве со сите резултати се претворри како еден од најдобрите клубови во Европа. Тоа е тој квалитет, зашто го исфрли еден Тотнем со Мурињо, а еден Оршиќ имаше 10 милиони евра понуда за трансфер во Барнли и тој и клубот решија поинаку, зашто тој мислеше дека е најдобро да игра Лига на шампиони, каде го победија Челси, играа во група со Милан и Салцбург, пред две години беа во „топ осум“ во Лига Европа, сè е тоа едно големо искуство и едно многу високо ниво, како да играте во европски клубови.

Но, на крај силата е во заедништвото, а Далиќ има потполна доверба во фудбалерите, им ја даде потполната слобода, а репрезентацијата е едно семејство, што на крај го дава резултатот, секако надополнет со екстраквалитетот што го имаат.

Тоа заедништво е видливо и во Мароко, заедно со начинот на игра, но и како сите се однесуваат, не само фудбалерите на терен, сите останати, комплетната поддршка. Колку само Мароканци дојдоа во Катар да им дадат поддршка на своите фудбалери. Тоа е еден дел од успехот на Мароко, ама втората причина се 14-те фудбалери што се родени во Европа. Тие имаат европски менталитет што е многу битно, заедно со тоа што играат во екстра големи клубови. И посебно би го издвоил нивниот слеектор Валид Рагреги, кој потполно ја има проценето силата на својот тим и начинот на игра, со тој среден блок, со фанатичната борбеност и чекањето на контри – тоа е таа најголема сила на Мароко.

Португалија не одигра како со Швајцарија, ама и Мароко не им даде простор да го повторат тој меч. На крајот искористија една грешка на португалскиот голман, а во вакви мечеви една грешка е фатална, зашто мечот оди во друг правец, психолошкиот притисок се наметнува. Жално е за еден фудбалер како Роналдо што нема да освои светска титула, можеби ова му беше последен или еден од последните за репрезентацијата, допрва сам ќе каже, но Мароко заслужено обезбеди полуфинале. Португалците вината треба да си ја бараат кај себе и ако тоа изоставување на Роналдо со Швајцарија беше разбудувачки, сега како да се почувствува психолошки набој и со голот кој го примија сè премина во негатива.

Аргентинците и Холанѓаните, многу несвојствено за такви фудбалски величини се однесуваа недолично, како во маало. Како мали деца! Како во маало кога играте фудбал, па на пенали си дофрлаат – ќе утнеш, ќе промашиш. Па, му се криви за утката... Од стручен аспект, Холандија до 70 минута беспрекорна и потоа се виде големината на Ван Гал, кој го имаше својот план Б да внесе висина и успеа во тоа, во 101 минута да дадеш таков гол со таква акција покажува колку голем тренер е и заслужува честитка. Ван Гал извади максимум од оваа Холандија и остана селектор без пораз на СП, за тоа треба да му се честита.

На крајот Аргентина имаше контрола во продолженијата, имаше и шанси, па заслужено отиде во полуфинале. Холанѓаните откако дојдоа до тие 2-2 и продолженијата како да се задоволија. Можеби ако продолжеа да напаѓаат и ќе го добиеа мечот, зашто психолошката предност беше на нивна страна, требаше да продолжат со високите топки, зашто јасен беше шокот кај Аргентинците. Вака им дадоа шанса да се соземат, па Аргентина во второто продолжение имаше и шанси, на крај победија на пенали. Но, сепак играа против Аргентина.

Убедливо најквалитетен меч на ова Светско првенство беше дуелот на Англија и Франција. Зборувам од тежина, влогот, а на начинот на кој го одиграа мечот. Реков во претходната анализа дека очекувам Франција да се пласира, но не очекував дека Англичаните дека ќе имаат повеќе позрели шанси, имаа и пенал кој не го реализираа. Четвртфиналињата се кобни за Англичаните повеќе од 20 години, а Франција го имаше тоа неопходно искуство, победнички менаталитет, искуството со психолошкиот притисок со кој знаат да се носат. И то беше пресудно.

Англија има тим кој уште два циклуси за светско првенство можеда играат заедно, надополнети со Еврпски првенства, но се надевам дека на следното ЕП нема да се пласира и сеак Македонија ќе стигне до пласман. Сепак, Англија е велесила и нормално е дека со овој состав во иднина може да дојдат и подалеку од тоа во Катар

АРГЕНТИНА - ХРВАТСКА

Ова е меч каде нема право на грешка и ќе се чека на грешка, ќе се принудува противникот на грешка. Очекувам од двете селекции тоа што досега го игаа да го пресликаат. Хрватска и Аргентина на минатото СП беа во иста група, Хрватска победи и тоа секако психолошки ќе влијае на нивна страна, дека можат уште еднаш да победат. Од двете страни за двата нивни најголеми фудбалери Лео Меси и Лука Модриќ ова е последно СП, многу ги почитувам двајцата, но би сакал Лука да игра во финале.

Аргентина е репрезентација која делува тимски, се чека тој потег во напад на Меси, како првиот гол со Холандија, каков само Меси може така да асистира. Играат сложно, одлично тимски и нивниот среде ред не е за потценување, пред сè Родриго Де Пол. Имаат феноменални индивидуалци предводени од Меси и одлична транзиција.

Хрватска е селекција која не дава простор за некој да направи контра и многу добро го прават тоа. Се бранат со посед на топка, одлично се бранат и при загубена топка.

Мечот ќе се решава ако Хрватска остане во среден блок и ако успеат да спречат да доаѓаат топки до Меси, ама пред сè како и со Бразил да го однесат мечот во неизвесност, тогаш предноста ќе е на страната на Хрватска. Но, Хрватска има и друга силна страна, после примен гол се враќаат, така беше и во Русија, почнуваа со негатива, па на пенали победуваа. Имаат карактер, не се предаваат и истото го очекувам и утре.

Аргентина и во ова изведување на пенали со Холандија беше супериорна, фантастичен им е голманот Емилијано Мартинез и по конституција и со начинот на бранење. Хрватска го има Ливаковиќ. Ако дојде до пенали, мислам дека Хрватска ќе добие.

ФРАНЦИЈА – МАРОКО

Секоја чест за Мароко, ќе даде сè од себе, ама мислам дека Франција ќе биде финалист. Сигурно дека Мароко ќе одигра квалитетно, на максимум од своите можности, ама квалитетот и искуството е на страна на Франција за да стигнат до финале.

Мбапе беше одлично чуван од Кајли Вокер против Англија, сега ќе игра против Хакими, кој одлично го познава, заедно играат во ПСЖ, но Франција има и други решенија како Гризман, Дембеле, Жиру, Рабио, потоа Чуамени кој даде еден од ретките голови на ова СП надвор од шеснаесетникот. Франција има разни оружја.

Во полуфинале секој има своја шанса и на Мароко никој не смее да им ја одземе надежта и шансата, веројатно ќе го одиграат и најдобриот меч на овој Мундијал, но Французите се поквалитетни.