Теодосиќ бил избркан од српската репрезентација поради - ненавремено легнување!?

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ кој после 15 години беше пречкртан завчера од селекторот Светислав Пешиќ за претстојниот Евробаскет, поради нарушување на дисциплината е избркан од националниот тим, откри српскиот весник „Курир“.

Според информациите од Србија, Теодосиќ е пречкртан од Пешиќ бидејќи навреме не легнувал во периодот на задолжителен одмор, саатница која била пропишана за сите кошаркари во националниот тим. Но, теодосиќ не го почитувал времето за спиење, по што Пешиќ после низа консултации со своите соработници во стручниот штаб донел одлука да го избрише од списокот и му соопштил на Теодосиќ, кој патем е капитен, дека не смета на него.

Пешиќ стоел на ставот дека како капитен Теодосиќ треба да биде пример и дека без оглед на статусот и на квалитетот, нема попуст за никого кога станува збор за редот и дисциплината.

Инаку, српски „Курир“ посочува дека и од спортски аспект имало проблем, зашто МВП-то на Евролигата, Василие Мициќ со теодосиќ не функционираат најдобро на теренот, што се гледало и на олимпискиот турнир во Белград, а во првите денови од подготовките во Стара Пазаова се појавиле истите проблеми, дека не функционираат како што Пешиќ сакал.

За идниот понеделник е закажана прес-конференција на Пешиќ на која ќе ги образложи деталите околу пречкртувањето на Теодосиќ.