Новиот селектор има опасен карактер: „Ќе ви е*ам мајката на сите утре сабајле во 10“ (ВИДЕО)

Александар Тодоров од вчера и официјално не е нов селектор на македонската кошаркарска федерација, информација што не беше споделена од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) туку беше самостојно сфатена од јавноста по најавата за промоција на неговиот наследник на прес-конференција што ќе се одржи задутре.

Сѐ поизвесно е дека првиот човек на макбаскетот, Перо Антиќ, улогата предводник на националната гордост ќе му ја додели на српскиот стратег Драган Бајиќ, кој со години наназад работи во Игокеа. Станува збор за 48-годишен тренер со големо искуство настапи во АБА-лигата, чија главна карактеристика е жестокиот темперамент, поради што на интернет може да се најдат голем број видео-исечоци со негови бурни тајмаути.

Бајиќ вика по своите играчи, им се заканува во вид на мотивација, а неретко и ги пцуе, што е дел од неговиот тренерски карактер. Така пред неколку сезони, кога неговиот тим играше лошо против нашиот Карпош Соколи им се развика на своите пулени.

„Ќе ви е*ам мајката утре сабајле во 10 часот, само вие шутирајте како до сега“, е легендарната реченица на српскиот стратег.

Тоа не е негов единствен гаф на средбите кои ги водеше. Тој на еден натпревар против Задар ги нарече своите кошаркари „уличари“ иако добиваат плата на време. Негова „жртва“ беше и сегашниот центар на Еуро Никел, Роберт Рикиќ, кој кога играше за Игокеа доби закана дека ќе биде удрен по глава со табла.

„Сакаш ли плата? Види колкав си, понисок играч од тебе ти зема две топки над глава“, му рече Бајиќ на 219 сантиметри високиот центар.

Новиот македонски селектор, барем според сите најави во кошаркарските кругови, поткрепени на патувањето на Перо Антиќ во Бања Лука на финални преговори минатата недела, знае и да влезе во терен додека се игра натпреварот, сѐ со цел да даде придонес во евентуалната победа на екипата што ја предводи.