Македонија гази сè пред себе на јуниорското ЕП - падна и Украина!
Јуниорите на македонија имаа одличен почеток на мечот и победата ја најавија уште во првиот дел кој го добија со 49-27.
Во второто полувреме следеше лош старт од страна на македонските кошаркари, а тоа го искористијУкраина за да намали на 38-53. Селекторот одлучи да им даде минутажа и на играчите од клупата, па противникот успеа да намали голем дел од негативата. Сепак, таквата ситуација кратко траеше, Македонија брзо се консолидира и до крајот стигна до убедлив триумф.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Јаничиќ со 21 поен, Ќириловски додаде 20, а Луканоски оствари дабл дабл со 12 поени и 12 скока. Во четвртфиналето, Македонија ќе се сретне со Португалија, а натпреварот се игра в петок.