Ѓорѓевиќ пред отказ, веќе познато и името на неговиот наследник!

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ би можел наскоро да го напушти кормилото на кошаркарската репрезентација, а како негова потенцијален наследник се споменува Игор Кокошков, главниот асистент во стручниот штаб на Сакраменто кингс во НБА-лигата.

Мечот на Србија против Чешка за петтото место на Светското првенство во Кина би можел да биде и последен за Ѓорѓевиќ бидејќи му завршува соработката со кошаркарската репрезентација.

Српските медиуми пишуваат дека Ѓорѓевиќ имал шанси да остане на селекторското место, но само доколку го освоел златниот медал на Мундобаскетот, што остана само сон за Србите.

Да потсетиме, Ѓорѓевиќ со Србија освои три сребрени медали - во 2014 година на Мундобаскетот, 2016 на Олимписките игри и 2017 на Европското првенство.

Доколку Кокошков седне на „жешкото столче“, за прва задача ќе добие да ја однесе Србија на Олимписките игри во Токио, низ квалификациск турнир.