Ѓорѓевиќ и дефинитивно ја напушти селекцијата на Србија: Вистина е, си заминувам!

Последните неколку дена се почесто се пишување за заминување на Александар Ѓорѓевиќ од селекторското место во репрезентацијата на Себија, а оваа вест е официјализирана.

Тој повеќе не е селектор на нашиот северен сосед по лошите резултати и освоеното петто место на Мундобаскетот во Кина, иако нивните амбиции беа злато.

Медиумите пишуваа за тоа, вистина е. Си заминувам, ќе ви кажам сеа. Да, веќе им кажав на играчите, редно време беше. Засега немавме разговори за мојата биографија. На мене останува да се повлечам и да не очекувам никаков разговор. Знам кога тренер треба да го направи првиот чекор, чувствувам обврска кога треба да го сторам тоа. За жал, заминувам во моментот кога не го постигнавме најдобриот резултат, им одговори на новинарите на прес - конференцијата по мечот против Чешка

Тој изјави дека ја донел оваа одлука пред почетокот на Светското првенство во Кина.

Одлучив да заминам уште пред почетокот на СП, животот оди во друга насока. Сакам да го посветам летото на моето семејство затоа што многу му должам. Не беше лесно, од квалификации, до натпревари, поминавме низ сè, од повреди, до турнири... Сакам да им се заблагодарам на сите соработници во сите овие години.

Ѓорѓевиќ ја напушти селекторската позиција по пет години, а со Србија освои три сребда - олимписко, европско и светско.