Димитријевиќ го уништи Партизан: Уникс го освои 3.место (ВИДЕО)

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра блескава партија за Уникс Казањ во натпреварот за третото место на ВТБ Суперкупот против српски Партизан. 

Нашиот интернационалец постигна фантастични 30 поени против „црно-белите“ и го предводеше рускиот тим до триумф од 83-77. 

„Среќен сум за победата. Да се победи тим што игра во Евролигата е големо нешто. Се надевам дека ќе можеме да го повториме успехот и на следните натпревари во ВТБ Јунајтед лигата и во првото коло против Зенит“, изјави по натпреварот Димитријевиќ.