Богдановиќ: Очигледно не ни дојде памет по поразот од Шпанија

Кошаркарите на Аргентина ја надиграа селекцијата на Србија, која за прв пат со селекторот Александар Ѓорѓевиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на СП.

По натпреварот, изјава за српските медиуми даде еден од подобрите кошаркари во поразениот состав, Богдан Богдановиќ.

За жал, два порази во низа, не се опаметивме... Четвртфиналето е најтежок натпревар, секој секого може да победи. Бевме на 4-5 разлика, моравме да одиграме подобро во одбраната. Ние сме професионалци и тука сме затоа што ја сакаме кошарката и ја сакаме Србија, истакна Богдановиќ.