Шанса за МЗТ Скопје: АБА-лигата го промени форматот за плејофот

Новата сезона во АБА-лигата ќе донесе и промена во натпреварувачкиот формат што отвора добра шанса за МЗТ Скопје да игра во плејофот за титулата. 

Македонскиот шампион по неколку сезони во АБА 2, успеа да се врати во регионалната елита и во новата натпреварувачка година ќе може да разигрува за титулата ако заврши барем до осмото место. 

Лигата воведе нов формат во плејофот, па наместо како досега да играат само најдобрите четири екипи, од оваа сезона ќе има и четвртфинале што значи дека во плејофот се пласираат најдобрите осум екипи. 

Четвртфиналето и полуфиналето ќе се играат до две победи, а финалето до три.