Преубавата кошаркарка ја победи леукемијата и на голема врата се врати на теренот (ФОТО)

Една од најубавите кошаркарски вести во последно време доаѓа од Унгарија, каде што медиумите објавија дека талентираната кошаркарка Ливија Геребен (20 години) се врати во националниот тим, откако ја доби тешката битка со леукемијата.

На почетокот на минатата година ѝ беше дијагностицирана тешката болест, по што имаше низа третмани, меѓу кои и пресадување коскена срцевина. Гербен во ниту еден момент не се предаде и на крајот излезе како победник во натпреварот за нејзиниот живот. Таа, на радост на сите, пред неколку дена се појави на собирот на репрезентацијата на Унгарија и ги одработи првите тренинзи по тешката борба.

„Се чувствував како да сум дома. Бев толку возбудена што дури и не спиев. Пресреќна бев што ќе ги видам соиграчките, кои подолг период ги немав видено“, изјави преубавата унгарска кошаркарка.

Гербен неодамна го обнови договорот со екипата на Сексард, која постојано беше крај неа во тешката битка за животот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I’m thankful to be here again🙏🏼🇭🇺🏀

A post shared by Lívia Gereben (@gerebenlivi) on