Партизан испрати жалба, а веднаш реагираа директорот на Суперлигата и Ц. Звезда

По завршувањето на четвртиот меч од финалната серија во плејофот на српската Суперлига, кој го доби Црвена Звезда против Партизан со 76-75 и ја освои титулата, од таборот на „црно-белите“ испратија жалба, зашто сметаат дека Били Берон направил чекори при победничкиот кош.

Директорот на натпреварувањето Леон Делеон во изјава за српските медиуми објасни дека вечерва ќе го додели пехарот на кошаркарите на Ц. Звезда, но утре ќе ја разгледа жалбата, па на крајот ќе објави официјално соопштение.

Исто така, од таборот на „црвено-белите“ неофицијално кажале дека не веруваат дека мечот може да се поништи. Нивната проценка е дека не се прекршени правилата и веруваат дека само судиите може да добијат казна доколку направиле грешка.