Неочекувано: Обрадовиќ во Партизан ангажира репрезентативец на – Албанија!

Веста дека управата на Партизан потпишала договор со репрезентативец на Албанија денеска силно одекна во српската спортска јавност, со оглед на големиот меѓусебен анимозитет на двете држави, дури и покрај фактот што станува збор за натурализиран Американец со одлична биографија зад себе.

Станува збор за Далас Мур, кој е петто засилување за црно-белите по доаѓањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ и тоа со фантастичен кошгетер, кој неретко знае да ги кине мрежичките во салите во кои настапува. Американецот со албанско државјанство минатата сезона играше во Кина, каде што просечно реализираше 26,3 поени со 5,6 асистенции. Дека станува збор за неверојатен поентер покажува и фактот што на еден од мечевите постигна 55 поени со дури 10 тројки.

Мур стана Албанец во 2018 година, а за националниот тим на оваа земја дебитира на 1 јули истата година. Роден е на 27 октомври 1994 година и досега во Европа има играно за Нантер, Торино, Хапоел Тел Авив и за Пезаро.