Македонецот прво го преселија во Ц. Звезда, а сега бил пред потпис со – Партизан!
Феноменалниот репрезентативец на Македонија летово пристигна во Панатинаикос како поранешен најдобар играч во Еврокупот и како прва виолина на Париз, но не се снајде најдобро во Атина. Тренерот Ергин Атаман жестоко удри по него по неодамнешниот пораз од Ц. Звезда, по што дојде информацијата за своевидна замена помеѓу зелено-белите и црно-белите.
Ти-Џеј Шортс, наводно, веќе во следните денови би го засилил Партизан, додека во правец на Панатинаикос би заминал Џабари Паркер, кој исто така дојде како големо засилување во четата на Жељко Обрадовиќ, но ги разочара сите со својата лоша игра.
Ова, секако, се уште е шпекулација, а треба да се види дали ова ќе биде перманентна замена или само до крајот на сезоната.