Лудница во Ниш: Билети за куп-мечот на Партизан се (пре)продаваат по тројно поголема цена!

За натпреварите од четвртфиналето од Купот на Србија, билетите се продадени уште вчера, најмногу поради мечот Херцеговац - Партизан кој се игра вечерва со почеток од 20 часот.

Билети можат да се купам само од препродавачи кои стојат пред салата Чаир во Ниш и ги продаваат билетите по тројно повисока цена од редовната. Во слободна продажба тие беа 700 динари, а сега може да се купат за 2.000 динари.

Вчера се играа првите четвртфинални мечеви од купот во Србија, немаше многу публика на дуелот меѓу Борец и Чачак (64-73), беше значително пополно на мечот Црвена звезда - ФМП (80-75), но денеска салата е распродадена поради настапот на Партизан.

Додека купот во Србија се распродава, кај нас барем засега се куп завршницата која започна денеска во Битола, се игра пред празни трибини.