Готово: Партизан избрал наследник на Обрадовиќ!
Тринкиери е без ангажман откако го доби отказот во Жалгирис изминатото лето и тоа само 36 часа подоцна откако освои титулата.
Во Каунас италијанскиот стратег помина година ипол, а претходно од 2020 до 2023 година го предводеше Баерн Минхен. Исто така го водеше и Партизан од 2018 до 2020 година и со него тимот беше во одлична позиција пред сезоната да биде прекината од коронавирусот.
Тринкиери и претстедателот Остоја Мијаловиќ не се разделија во најдобри односи и Италијанецот дури и го тужеше клубот поради заостанати плати и спорот го доби.
Сепак изгледа двете страни, сега успеале да се договорат за нова соработка.