Во европскиот фудбал купува кој како сака, а во НБА се запазува секоја запирка од законот!

Кога ќе се спомне за европското безредие во финансиите во фудбалот, неретко се прави паралела со НБА-лигата, каде што се знае кој клуб колку смее да троши и кого да купува. Меѓутоа работите не се менуваат долго време, а пример за тоа колку различно се третираат правилата во Европа и во САД претставува и последната истрага врз Њујорк никс.

Клубот од „Медисон сквер гарден“ летово го донесе Џејлен Брансон, бекот кој минатата сезона се покажа како десна рака на Лука Дончиќ во Далас. Со него потпишаа четиригодишен договор вреден 104 милиони долари и тој сигурно претставува најсериозното засилување за Никс ова лето. Меѓутоа, НБА-лигата се јави со сериозна забелешка за трансферот почна официјална истрага со обвинение дека нешто не штимало. Причината е неовластен контакт со кошаркарот, спротивно од тоа што дозволуваат прописите.

Во НБА-лигата забрането е клубовите да имаат каков било контакт со слободените агенти (кошаркарите на кои им завршил договорот),  пред да почне трансфер периодот, ниту пак со некој нивен претставник како менаџер или член на семејството. Според информациите кои ги нуди ЕСПН, Њујорк го прекршил ова правило и тоа не кој било туку претседателот на клубот, Лион Роуз. 

Пред да биде на чело на Никс, Роуз работел како агент, а еден од неговите клиенти бил Рик Брансон, таткото на Џејлен. Истиот тој, неодамна добил нова работа, токму во Њујорк Никс, како еден од помошниците на тренерот Том Тибодо. Затоа, НБА ќе истражува дали и како ова влијаело на трансферот на кошаркарот и ако постои конекција, клубот ќе биде санкциониран. Казната може да биде различна, почнувајќи од задолжителна парична сума, преку кратење на избороите на следниот драфт, дури и до поништување на договорот со Брансон, иако тоа е малку веројатно.

Како и да е, сето ова се случува паралелно со гротеската во Европа, во која клубови пријавуваат милијарди загуба, а сепак трошат милиони и купуваат нови играчи без конторла