Уапсен тренер на Далас - се заканувал на жена дека ќе ја убие!

Помошник-тренерот во Далас маверикс, Дерел Армстронг е уапсен од полицијата откако беше обвинет дека нападнал жена и притоа ѝ се заканил.

Американецот бил приведен на 15 февруари, откако нападнал со жена со пиштол, односно ја удрил по главата, по што била повикана полиција.

Армстронг беше професионален кошаркар до 2008 година, кога се пензионира, по што од 2009 година работи како асистент во Далас.

Ова е нов удар за тимот од Тексас, кој неодамна остана и без најголемата ѕвезда Лука Дончиќ, кој се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.