Телетовиќ поинаку гледа од останатите: НБА лигата е досадна!

Поранешниот кошаркар на Бруклин, Феникс и Милвоки, Мирза Телетовиќ, кој денес е претседател на Кошаркарската федерација на БиХ, смета дека НБА-лигата е досадна. Тој мина шест години во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, каде одигра 324 натпревари во кои во просек бележеше по осум поени и три скокови по натпревар.

Телетовиќ ги изненади сите со неговата последна изјава во која истакна дека е прилично досадно во НБА лигата во однос на времето кое го мина во редовите на Басконија во шпанската АЦБ-лига.

Кога заминав во НБА лигата веднаш ми беше досадно. Ако не играш за Голден стејт или Кливленд, кои се бореа за титулата, зошто би бил таму? Во Виторија (градот од кој е Басконија) секогаш се бориш за нешто, за Суперкуп, за Кралскиот куп, за Ф4 во Евролига, истакна Телетовиќ.

Тој со Басконија одвои две титули (2008 и 2010 година) и три Суперкупа (2006, 2007, 2008). Од 2012 до 2015 година ги бранеше боите за Басконија, за Феникс играше во сезоната 2015/16, а потоа две години беше во тимот на Милвоки каде што на 33 години се пензионираше, во 2018 година.

Беше добро искуство да се игра во НБА лигата, но многу ми беше досадно. Тоа е најдобрата лига во светот. Можеш да играш против најдобрите легенди во светот. Но, за мене, подобро беше да играм во Евролига и во Шпанија отколку во НБА, додека првиот човек на Кошаркарската федерација на БиХ.