Словенечки полицајци го запреле Дончиќ зашто сакале - слика со него (ФОТО)

Една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата Лука Дончиќ игра фантастично во најсилната кошаркарска лига и привлекува внимание без разлика каде ќе се појави.

Дончиќ неодамна потпиша нов договор според кој Далас треба да му исплати 200 милиони долари во следните пет години, па кошаркарот веднаш се почести со Ламборгини.

Полицијата во Словенија го запрела Ламборгинито на Дончиќ, но наместо да му наплатат казна, тие сакале да направат фотографија со кошаркарот.