Сите фаворити во НБА загубија: Лејкерс прокоцкаа неверојатна предност (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс откако славеа против Сан Антонио утринава загубија на гостувањето кај Оклахома со 123-115.

Фаворитот имаше убедлива предност во првото полувреме која постојано беше над 20 поени разлика, а во неколку наврати и највисоки +26. Сепак, Тандер одигра неверојатна третата четвртина во која постигна 41 поен и ја анулираше предноста на гостинот. Леброн Џејмс повторно не играше поради повреда, па Ентони Дејвис постигна 30 поени, а Расел Вестбрук имаше трипл-дабл со 20 поени, 14 скока и 13 асистенции. Кај победничкиот тим најдобар беше Шаи Гилгеус-Александер со 27 поени. 

Кошмарната вечер за фаворитите ја надополнија и Милвоки бакс, кои пак на свој паркет загубија од Минесота со 108-113. Ниту 40-те поени на Јанис Адетокумпо не беа доволни за шампионот да запише триумф.

Ланскиот финалис Феникс пред своите фанови беше поразен од Сакраменто со 107-110. Бруклин исто така загуби на домашен терен од Мајами со 93-106. Уште еден фаворит запиша негативен резултат, а тоа е Лос Анџелес клиперс, бидејќи Кливленд славеше со 79-92 во „Стејплс центарот“.