Шоу на Кари за победа на Голден стејт, ја повтори и чудесната асистенција на Дончиќ! (ВИДЕО)

Стеф Кари го предводеше Голден стејт до важна победа против Њу Орлеанс од 120-109, тој постигна 39 поени и ја повтори лудата асистенција на Лука Дончиќ.

Голден стејт одигра лошо прво полувреме во кое губеше со 46-63, но вториот дел беше сосема поинакув, направија комплетен пресврт и дојдоа до убедлива победа од 120-109. Главен диригент беше Стеф Кари кој постигна 39 поени, имаше и осум асистенции и осум скока. Најдобар кај Њу Орлеанс беше Инграм со 26 поени.

Кари направи и многу слична асистенција на Дончиќ, од агол подаде на спротивната страна и неговиот соиграч, во случајот Томпсон даде тројка.

Асистенцијата на Дончиќ сепак беше потешка за изведба бидејќи пред него имаше двајца кошаркари и беше на работ на аут.

Резултати: Вашингтон - Востон 130-111, Атланта - Кливленд 120-118, Торонто - Мајами 106-92, Мемфис - Орландо 113-108, Оклахома - Шарлот 134-137, Голден стејт - Њу Орлеанс 120-109.