Шекил О’Нил заврши во болнички кревет (ФОТО)

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил вчера објави загрижувачка фотографија од болнички кревет на која може да се забележи дека е приклучен на инфузија.

О‘Нил остави кратка порака до своите соработници на неговата објава на Твитер.

„Ќе ги гледам Ерни Џонсон и Кендис Паркер во поткастот, ми недостигате многу“, напиша Шекил.

„ТМЗ Спорт“ објави дека поранешниот кошаркар имал операција на колкот, за да го реши проблемот кој го мачи со месеци.