Првиот пик на НБА-драфтот заспа на клупата сред натпревар (ВИДЕО)

Првиот пик на годинешниот НБА-драфт, Зајон Вилијамсон никако не добива шанса за деби на паркетот. Тој беше избран од страна на Њу Орлеанс пеликанс, но потоа се повреди.

Постоеше шанса да се врати во дуелот против Детроит пистонс, но Вилијамсон повторно бееш на клупата.

Колку му било досадно да седи на клупата покажува една снимка од крајот на мечот. Иако средбата беше резултатски неизвесна до последната минута, сепак Вилијамсон заспа на клупата.