Познат датумот кога ќе продолжи НБА лигата

Најсилното клупско кошаркарско натпреварување – НБА лигата најверојатно ќе продолжи на 31 јули.

НБА лигата беше прекината во втората недела од март откако кошаркарот на Јута, Руди Гобер, беше позитивен на коронавирус.

Првиот човек на лигата, Адам Силвер, веќе имаше состанок со претставниците на тимовите, а по разговорот беше прецизиран 31 јули како датум кога ќе треба да продолжи сезоната.

Конечната одлука ќе биде донесена наредната недела, но на паркетот нема да излезат сите екипи, пренесува „ЕСПН“.