Поранешен НБА-кошаркар ќе донира 10 милиони маски за Њујорк

„Њујорк Тајмс“ објави дека поранешниот НБА-кошаркар Стефон Марбери ќе донира 10 милиони хигиенски маски за погодените од пандемијата на коронавирусот.

Марбери во моментов работи како тренер во Пекинг, а неговите пријателства ги искористил за договор со еден кинески произведувач на маски.

„Мене ми е важно тоа што сум во позиција да помогнам на мојот град. Без разлика дали е добро или лошо, јас сум тука“, порача Марбери.