НБА-класикот за Бостон: Џејлен Браун ги уништи Лејкерс (ВИДЕО)

Најголемото дерби во НБА-лигата е помеѓу Бостон и Лос Анџелес лејкерс, двете најтрофејни екипи. Утринава на пресметката во „Стејплс центарот“ славеа Селтикс со 121-113. 

Шампионот и натаму е без првите ѕвезди Леброн Џејмс и Ентонио Дејвис, а натпреварот го пропушти и Андре Драмонд. Гостите го искористија тоа за да дојдат до својата петта победа победа по ред. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 40 поени, а Тајлер Хортон-Такер беше најдобар кај Лејкерс со 19 поени.

Стеф Кари продолжува со фантастичната форма и постигна 33 поени во триумфот на Голден Стејт од 119-101 на гостувањето кај Кливленд. Плејмејкерот стигна до рекорд во својата кариера, бидејќи деветти натпревар по ред има 30 или повеќе поени. 

На останатите натпревари, Милвоки како гостин славеше кај Атланта со 120-109, а Феникс беше подобар од Сакраменто со 122-114.