Милвоки донесе одлука за иднината на Антетокумпо!?

Сопствениците на Милвоки одржаа состанок со најдобриот кошаркар во тимот, а тоа е грчкиот играч Јани Антетокумпо, при што разговараа за неговата иднина.

Антетокумпо ќе игра и следната сезона за Милвоки, по што ќе добие неверојатен договор од дури 254 милиони долари за да го носи и понатаму дресот на екипата.

Исто така, управата му ветила многу квалитетни засилувања за тимот да биде конкурентен во борбата за самиот врв во НБА-лигата.